Јавен повик

Capture

 

Јавен повик,

 

За учество на претстојната Интернационална Филозофска Олимпијада во Лисабон, Португалија од 21-24 мај 2020 година.

Право на учество имаат сите средношколци од републиката кои го слушаат предметот филозофија или сите средношколци кои имаат солидни познавања од областа на филозофијата.Натпреварот ќе се одржи на 18 април во ПСУ Јахја Кемал -Скопје и тој ќе биде делумно продолжение на државниот натпревар по филозофија од 4 април, организиран од страна на Филозофското Друштво на Македонија. Имено, на него ќе можат , доколку сакаат да учествуваат сите ученици коишто на државниот натпревар по филозофија, според бодовната скала, бидат рангирани на прво, второ или трето место. Дополнително, на него ќе може да учествува и наставник/ментор со еден ученик, под услов наставникот да има пласиран ученик(не нужно истиот) на регионалните натпревари по филозофија. Пријавувањето на учениците е најдоцна до 10 април. Првите две места, заедно со лидерот на македонската делегација ќе учествуваат на филозофската олимпијада во Лисабон. Дополнителни информации за претстојниот натпревар ќе пронајдете на следниов линк

Click to access %D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5.pdf

Лице за контакт,

Фросина Постолоска- лидер на македонската ИПО делегација

frosina.postoloska@ykc.edu.mk