About

Првата Интернационалната Филозофска Олимпијада се одржува уште од далечната 1993 година во Бугарија, основана од група ентузијасти и докажани професионалци од областа на филозофијата, и е една од дванаесетте Унескови олимпијади.  http://www.philosophy-olympiad.org/

Република Македонија е дел од ова семејство уште од 2011 година со учество на олимпијадата во Виена, Австрија. Во тоа време, нашата држава немаше организиран национален натпревар, туку иницијативата за учество на нашата држава на ИПО, беше преземена од приватното средно училиште “ Јахја Кемал“ од Струга со координаторот Фросина Постолоска, претседател на здружението за унапредување на филозофијата и социологијата – Хипатија од Струга. Досегашното учество на учениците од ПСУ” Јахја Кемал” ја закитија државата со еден сребрен медал како и едно почесно признание. Во 2020 година, интерес за организација на македонскиот натпревар за учество на ИПО покажа Филозофското Друштво на Македонија и со заеднички меморандум за соработка со ЗУФС Хипатија го продолжува учеството на Република Македонија на ИПО.

Leave a comment